ВЕТ Програма

Како дел од Бизнис Екосистем Проектот на УСАИД, една од клучните одговорности на Македонското Здружение на Лифтови е развој и имплементирање на ВЕТ програмата. Оваа програма се однесува на квалификација и реквалификација на возрасните кадри во лифтовската индустрија. МЗЛ во оваа насока, се бори за интеграција и активно учество на постојните баратели на работа во индустријата за лифтови, како и доедукација на постојните вработени во оваа индустрија.

ВЕТ програмата е создадена од професионалците на МЗЛ, како и надворешни експерти со широко познавање и искуство во оваа област, кои се фокусирани на споделување на најдобрите технички практики околу монтажа и одржување на лифтовите.

По завршувањето на оваа обука, секој учесник се стекнува со сертификат за квалификација, кој ќе му обезбеди вработување во лифтовската индустрија.

Маркици за Квалитет или QMA (Quality Mark Award)

Како дел од Бизнис Екосистем Проектот на УСАИД, Македонското Здружение за Лифтови води грижа за компетентноста и кредибилитетот на сопствените членки, преку развој на ознаките за квалитет. Овие ознаки се меѓународно признати и претставуваат синоним за високи технички и етички стандарди.

Задачата на МЗЛ се однесува на следните области:

  • Развој на Quality Mark Award
  • Развој на критериуми и процедури за доделување на QMA
  • Советување и тренинг програми
  • Техничкиот прирачник за QMA
  • Јавна кампања околу важноста QMA
  • МЗЛ, Прва регионална конференција за лифтови и ескалатори, Охрид, 10.06.2019

    линк: www.seelift.net

    ПРОЕКТ: Жените во индустријата за лифтови

    МЗЛ покренува иницијатива за оформување на група во  рамките на здружението која ќе промовира и иницира вклучување на жените во лифтовскиот сектор. Ќе се работи во насока на рушење на стереотипите дека лифтовската индустријата е типично и исклучиво машка дејност и преку разни примери и објаснување на професиите застапени во овој сектор ќе се обидеме да им ги доближиме истите, да ги предочиме предностите и можностите кои се нудат со работа во оваа дејност и со тоа да разбудиме желба кај дел од жените да се вклучат во лифтовскиот сектор.

    На следните линкови може да се погледнат  здруженијата на жени во лифтовски сектор од Турција и од Германија, кои успешно функционираат веќе подолго време и коишто можат да се земат како позитивен пример и основа за размислување за секоја жена да направи чекор, да се квалификува за  ваков тип професија и да обезбеди егзистенција како вработена во овој сектор.

    Турската асоцијација на жени во лифтовската индустрија
    http://www.ayskad.org
    https://www.facebook.com/ayskadd/?ref=page_internal

    Германската асоцијација на жени во лифт индустријата
    https://www.wolie.eu/  

    Дизајн: ТРЕНЧ доо Скопје